Костадине, пратениче, вртела жена ти на 192 или не?

Пишува: // Јорданка Ивановска – Јоци

Костадине, пратениче, ајде сега сериозно. Со денови те слушам и го следам случајот со твојата сопруга и децата. Но, одговор не најдов на прашањето – дали твојата сопруга се јавила на 192 пред неколку дена и зошто се јавила? Ти демантираше дека имало пријава и дека воопшто некого си натепал по дома. Да, возможно е да нема пријава, ако некој се премисли. Демантираше и дека имало вербален и друг конфликт. Во ред. Но, истото прашање уште лебди во воздух – дали и зошто сопругата свртела на 192? Да им посака добра ноќ на полицајците!?

Еве, гледам и други луѓе ги интересира истото. Но, и на извесниот Иле Џинговски ти не му даваш конкретен одговор на ова прашање кај тебе на фб профил.

Види, Костадине. Ние сите те плаќаме и твојот живот кога ќе заврши на 192 веќе не е приватен. Должиш објаснување околу повикот во полиција. Всушност, животот не ти е приватен од прв пратенички ден и додека те плаќаме сите ние, а богами многу те плаќаме. Остави ти жалопојки и крокодилски солзи од типот некои таму лоши вмровки те напаѓале беспотребно, а ти толку фин и добар, саде ангел симнат од небесни височини. Ене, за баланс, куп сдсмовки те бранат кај тебе на профил и те крунисале во ѓорчепетровски спасител на женскиот род. И круна ти ставиле, ама за волја на вистината – на ниедна од тие не си им маж по дома.

Туку, да ги баталиме тривиите и да се вратиме на суштината во Месецот на борба против насилство врз жени. Пред една недела, твојот шеф Зоран Заев, направи цела манекенска фотосесија како дел од кампањата, а по ден-два во медиуми читаме како сопруги на сдсмовци вртеле по полиции… и наеднаш сите молчат како ништо да не се случило. Дури и оние коковчињана граџански, кои, пред години знаеја да гракаат дури и ако на некоја и се скрши штикла на крива калдрма.

Немам ништо против тебе, но имам против мажи на функции кои немаат одговори, напаѓаат со ултиматуми за јавни извинувања на поставени прашања, а од позиција на моќ, постои реална опасност прикаската да заврши во фиока. И да се повтори, имено.

Она кое мене сериозно ме интересира пратениче е – дали твојата сопруга вртела на 192 и зошто?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!