Граѓаните на Скопје се шокирани од пристигнатите ноемвриски сметки за вода, кои се повисоки за 100, 200 и повеќе денари во однос на изминатите месеци и години.
Но, сепак, наспроти шпекулациите, цената на водата во Скопје е непроменета, во сметките има само една новина т.е. ставка – јавно зеленило. Токму, благодарение на оваа ставка, сметките за вода, кои, стасаа месецов се повисоки за 20 отсто во однос на потрошената вода.
На пример, ако за потрошена вода досега сте плаќале 400 денари, отсега ќе плаќате плус 80 денари. Колку повеќе трошите вода, толку поголем ќе биде процентот за јавно зеленило и за корисникот, а тоа е јавното претпријатие ,,Паркови и зеленило”.
Овие средства, Град Скопје, ќе ги уплаќа на сметка на ова претпријатие кое со години има финансиски проблеми и живееше од субвенции кои ги добиваше од Град Скопје.

Но, сепак не станува збор за нова Одлука на градската власт, напротив за многу стара од 2012 година, кога градоначалник беше Коце Трајановски. И кога, имено, беше утврдено секој да плаќа процент, и тоа 19,5 отсто од потрошената вода за јавното претпријатие ,,Паркови и зеленило”.
На прашањето, зошто токму сега оваа Одлука од времето на Трајановски се применува, градоначалникот Петре Шилегов, одговори дека така се обврзани законски. Со решенијата за утврдување на регулаторна цена, утврдена е цената за водната услуга, а во самите решенија наложено е да се прикаже одделно и надоместокот за одржување на јавното градско зеленило.
-Оваа одлука следува токму сега, затоа што Градот Скопје, минатиот месец, ја доби одлуката од Регулаторната комисија и ние сме должни да постапиме по истата. Во Скопје, немаме фактичко покачување на цената на водата – појасни градоначалникот Петре Шилегов.
ПРОЧИТАЈТЕ: Сапуницата почна: ,,Обвинителке Русковска, Боки и вас ве направи славна”
Согласно законските измени од 2016 година, изгласани од Собранието на Македонија, цените и услугите кои ги даваат претпријатијата за вода, вклучително и скопското ,,Водовод и канализација”, не се веќе во надлежност на управните одбори и директорите, туку ги утврдува Регулаторна комисија за енергетика.

Тие законски измени наметнаа и друга обврска за граѓаните во сметките за вода, ставката за одведување на отпадни води.
Оваа комисија ja утврди цената за услугите и во Скопје (снабдување со вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води), со што цената на вода/водна услуга остана непроменета, бидејќи градската власт реши да не се покачува.
ЦЕНАТА НА ВОДАТА БЕШЕ ПОКАЧЕНА ЗА 100 ОТСТО ВО ВРЕМЕТО НА КОСТОВСКИ
Последен пат, цената на водата во Скопје, беше зголемена во 2006/7 година и тоа за 100 отсто, кога градоначалник беше Трифун Костовски, а директор на ,,Водовод и канализација” – Миле Јанакиески.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]