Пишува:// Јорданка Ивановска – Јоци
,,Не сакам да поверувам дека работиш за нечиј интерес”, зема да се расправа, денеска, написмено со мене, гоЉамиот актер и ,,велики” газда на ноќниот клуб ,,Џубокс” – Јовица Михајловски. Сум пуштила службено соопштение од Општина Центар, а не сум го прашала ,,чичко Кумплунг” ништо околу уривањето на дивата конструкција пред ноќниот му клуб.
Чисто пуштена информација, но ете тој смета дека сум требала да му се јавам, не знам чуму, но секако да губам време за да си ја олесни душата!? Бог да чува. Па, не сум ти јас, бе, Јовица, личен психијатар, па да ве слушам вас кафанџиите што имате да паламудите.

А, дозвола нема, затоа и го уриваа почитуваниот актер, кој, знае јавно да бара од властите ред во хаосот. Но, притоа самиот бил дел од тој хаос со својата дива урбана опрема. И не негира.
Повеќе информации околу денешната акција на следниот линк. Текстот за Михајловски продолжува под линкот.
Акција против беззаконието: Центар ја собра дивата импровизирана барака на ,,Џубокс”
И што има некој да те прашува тебе, бе, човек кога ти е урната легално!? Сто пати досега апелираа од Центар сами да си ги отстраните дивите ви ,,урбани играчки” по тротоари, за да не ви доаѓаат со шмишајбни, камиони и полиции.
Туку, тоа се тие волшебни зборови, кои, ги употреби актеров и веднаш прават магија во етерот. И ете – едноставно, сам си го побара со боринче.

Туку, Јовица е брат на уредникот на ,,СДК”, Горан Михајловски и девер на Искра Михајловска, чија семејна фирма лани од Фонд за иновации доби 224.000 евра. И која, ете, не ја ,,тролав”, бидејќи ми се јави човечки, за разлика од деверов кој многу е нервозен и веднаш вади цел арсенал за напад. Ова, за потсетување на јавноста – се` на купче.
Туку, откако видов дека ,,чичко Кумплунг” си зел преголема слобода, веднаш му реков: – ,,Вака да си разговараш со брат ти”. И му посочив дека ќе биде објавен и јавно.
Како оди прикаската? Утринава, од Општина Центар, на братот Јовица му ја урнаа дивата ,,пушачка сцена” пред ,,Џубокс”, која тој нагалено си ја нарекува ,,две паноа”. А, мене ми личи на барака, така и ставив наслов. Работници вклучија машини за да ја демонтираат плус циркулари. И наполнија цел камион со ,,играчки”.
Актерот не ми дава уметничка слобода за наслов. Тој би да ми биде главен уредник и да кажува какви наслови да ставам. И за да не бидам толку лоша го сменив насловот во ,,импровизирана барака”. Најферски.
,,Чичко Кумплунг” толку многу се вознемири од ,,бараката” во наслов, да напиша цел ферман, но во ниеден миг не сфати дека навредува со – ,,не сакам да верувам дека работиш за нечиј интерес”. Од едно обично соопштение лиферувано од Центар, од кое јавноста дозна дека актерот си направил конструкција среде тротоар во Дебар Маало без дозвола, тој смета дека мене ме инструирал некој!? Така е, бе, чичино, за НАСА работам, до толку си битен. Тие ми рекоа, пиши за Јовица дека центарци му ја урнале бараката на тротоар.
Не знам дали вака ,,машки” човеков им се обрати и на другите кои ја објавија истата содржина-информација од Центар.
Не се ни извини.
Актерите сакаат театар, но не и кога од нив се прави театар. Јасно ми е сето тоа, ама не ме интересира.
Воедно, ми посочи дека мислел дека сме биле пријатели!? А, еднаш во живот сум го видела човеков, во заедничко друштво, како и имено куп луѓе од половина Скопје. Сите по еднаш, некаде сме се виделе низ градов, па не сметам дека сме пријатели. Пријател е некој кој ти се јавува во добро и зло и ред други нешта, те мисли дали си добро или не, имаш комуникација, но очигледно имаме различни дефиниции со Јовче околу тоа.
Ааа, ми текна…..кога некому му треба убав збор, да му премолчиш беззаконие, веднаш се повикува на некакви серенади за ,,пријателства”. И веднаш избиваш на прво место на топ листата. Поинаку, таквите пријатели, никаде ги нема за ништо. Особено не да те бранат за нешто. Само за услуги сите наеднаш стануваат – пријатели. Сејм олд стори.
Никој за ништо не сака да плаќа, сите би да фатат кривини и да држат/изградат нешто без дозвола. А, потоа јас сум им виновна.
И тука некаде ми текна на нервозниот чичко Кумплунг во ,,Самоуништување” кога му се издиша гумата – ,,Да ви ебам матер на сите, да ви ебам”.
(Продолжува)
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]