Глумец, а зошто не побараш од брат ти Горан Михајловски да го слика ,,Сушико” на Орце? [2]

Пишува: Јорданка Ивановска – Јоци

Предновогодишно и сас бујна страст, да ја продолжиме сагата од вчера со газдата на ,,Џубокс”, актерот Јовица Михајловски, кој ми влезе ,,со нога” во инбокс, бидејќи пишав дека Општина Центар му ја урна ,,импровизираната барака” на тротоар во Дебар Маало, пред ноќниот му бар.
Мачево, толку се изнервира и наместо да му отиде на Српче да се докажува, да го вади од кондури со несоборливи докази за својата неприкосновена чесност, нали, тој зема да се кара со мене. А, што направив јас? Пренесов службено соопштение од Општина Центар за уривање на 14 различни конструкции на кафулиња, со неколку фотографии, меѓу нив и на ,,Џубокс”. Пуштив само информација, која тој не ја негираше.

Брат му на актерот е Горан Михајловски, уредник на СДК, кој имено е уредник – новинар. Доволно ќе било него да го праша како треба да се однесува, но не – Јовица познат по улогата на ,,Чичко Кумплунг” решил сам да се пресметува со мене и да провоцира. Туку, човекот не е глупав, точно знае дека вака не се зборува со никого.

Е, сега, каде беше проблемот. На почитуваниот актер, не му се допаѓало што сум ставила ,,барака” во наслов, па ми се обрати со зборовите – ,,не сакам да верувам дека работиш за туѓи интереси”.
А, потоа продолжи да провоцира.
– Прашај ,,Сушико” зошто не е срушен, пример, да не редам и други – , посочи тој.
Ах, мУри, срцкото тоа најхубаво.

Од мене доби дека вака може слободно да си зборува, ама со брат му, Горан-Пиже. Со мене – не. Всушност, нека си побара од брат му да прати фоторепортер да го слика ,,Сушико” на Камчеви и нека објави на порталот СДК. Што му е работа, имено!? Горан-експрес. Ете, сите ние сме изгледа сомнителни и бог да чува за братот актер, а Горан е најчист и не работи за ничии интереси. Така, Јовче? Па, редно е на брат ти да му се обратиш.
А, и почитан е од мене, веднаш ќе му ја урнат на Орцета тоа оградата или што и да има, ако нешто има ,,диво”.

И покрај тоа што сега се шета во Америка, Горан, може да наложи на други од редакција да сликаат и да објават за ,,Сушико”, чии газди се Камчеви.
Јас, ниту сум љубителка на суши, нуту сум била таму, а и немам нешто многу време за исполнување желби на актери.
Башка, Горан би требало да има мобилни од Камчеви. Јас немам. Можеби е на ,,спид дајал” со нив, шу знам, уште подобро!? Горан веднаш може да им земе изјави на луѓето дали имаат нешто нелегално или не од тоа нивното ,,Сушико”.

КОЛКУ ЧИНЕШЕ ПРОДАЖБАТА НА ,,ВЕСТ”

Имено, на времето, Горан, потпиша со нив договор за продажба на ,,Вест”, чаршијата уште зборува како го искеширале 600.000 евра за неговиот удел (акции, не знам дали со данок или без) плус менаџерски договор, а тоа беа 2.000 евра месечна плата и 100 евра за колумната ,,Сакам да кажам” = 2.400 евра месечно, неколку години. Плус службен телефон, шофер, службени патувања.

Туку, за разлика од мене, која сум само еден човек и не можам се` да постигнам, Горан има цела редакција на располагање за разни желби и желбички, десет луѓе за терен. Ќе го ,,изораат” сушито-мушито најсамурајски ако сакаат. И досега можеа.

Па, пичка му матер, редно е братов Горан Михајловски да прати некој да слика за брат му Јовица, чедото божје, разни тераси и столици по тротоари во Дебар Маало. Имаш брат новинар да им влезе на Камчеви во тоа сушито и да провери, бараш од други, па уште одозгора и се караш. На што личи тоа, бе, Јовче, маци!

(Продолжува)

🌷⚘☘ П.С: Чичко Кумплунг, гледам не ти е јасно, ама јас од брат ти учев новинарство, сензација и префриганост. Ако и понатаму не ти е јасно, зошто – како, ќе ти објасни тој. Подетално.

🌷⚘☘ П.С 2: Во право беше, Јовче маци, дека ќе ми подигнеш читаност, околу 200 луѓе во ,,real time” половина час, те охрабрувам да продолжиш со исто темпо да ми пишуваш . Вкупните бројки ќе ги соберам по објавата на планираните неколку дела од сагава.

Првиот дел прочитајте го на следниот линк:

Акција против беззаконието: Центар ја собра дивата импровизирана барака на ,,Џубокс”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!