Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, со полициска придружба, денеска, постапи по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема на територија

– Акцијата опфати локали, кафе барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб ,,Џубокс” во Дебар Маало – информираше градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Додаде дека локалната власт продолжува неселективно со борбата против беззаконието и урбаниот хаос, со цел воведување на ред во поставувањето на урбаната опрема на јавен простор. Пред неколку недели, постапувајќи по решение од Општината, нелегално поставената урбана опрема, самостојно ја отстранија сопствениците на кафе барот ,,Интермецо”.
Богдановиќ повторно ги повика угостителите и одговорните лица да се придржуваат до законските решенија и правилници за поставување на урбана опрема.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Го знаат ли Марин во партија дека си игра со машнички?”
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]