Петре набавил 33 автобуси на гас, да не се реметат иницијалите на Заев

Веќе се на пат и од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави денеска од говорница, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на трибината „На прав пат“ што се одржа во салата ,,Борис Трајковски” во Скопје.

Туку, друго е муабетов. Баш 33 автобуси мораше да се набават со иницијалите на премиерот Зоран Заев!? Не можеше 34 или 35? Таква му е и регистрацијата на моторот на премиерот – латинично ЗЗ. Претходно, 33 европратеника, ги предложија Заев и Ципрас за Нобелова награда. Не знам стварно, но почнувам да мислам дека во СДСМ стануваат опседнати со среќната бројка на шефот – 33. Компулсувно-опседнати. И кој ќе избере друга бројка во проектна шема, го сметаат за баксуз и го бркаат од партија, евентуално го префрлуваат во ВМРО-ДПМНЕ да ја однесе ,,шугата” натаму.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!