Шекеринска: На вмровските пратеници не им пречи ,,Северна” кога земаат плата

Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната трибина ,,На прав пат” во СРЦ ,,Борис Трајковски” ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и нивното противење за членство во НАТО.

Кажа додека сите се радуваат и честитаат на овој успех за земјата, само во ВМРО-ДПМНЕ не само што молчат, туку и се противат на членството во Алијансата. Односно, од партијата, јавно велат дека нема да го гласаат Законот за одбрана, заради уставното име на државата, иако тој е услов.
– ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлагаат предвремена ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, а велат дека нема да го гласаат Законот за одбрана кој е клучен за пристапувањето во НАТО. А, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат плата од Република Северна Македонија и тогаш тоа не им пречи. Не им пречи ниту кога во ЕПП пред партијата стои уставното име на државата. Ама им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО, им пречи тогаш кога ја обезбедуваме иднината, границите и стабилноста преку членство на Алијансата –  истакна денеска Шекеринска.

ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Рада ,,го фрли” Зоки во севдах со знамето и солзата”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!