Во своето обраќање до граѓаните на трибината во Скопје, дел од карванот на ,,Прав пат”, потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во еден момент зборуваше за македонското знаме во Лондон , а потоа камерата го фати ликот на премиерот Зоран Заев во севдах.
– Кога пред 10 дена за првпат го видов нашето знаме во Лондон, во центарот на светот, до знамето на Велика Британија, јас мислев дека нема човек кој не го погледна тоа со солза во око. За жал имало, ВМРО-ДПМНЕ – рече таа.

Македонското знаме беше развеано во Лондон, пред една недела, на самитот на НАТО. Македонија од полноправно членство ја дели ратификација на Протоколот. За 10 месеци, Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Шекеринска: На вмровските пратеници не им пречи ,,Северна” кога земаат плата”
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]