– Ракија и алкохол многу ретко пијам во животот – одговори скопскиот градоначалник Петре Шилегов на прашање од гледачка на ТВ ,,Алфа” – ,, Од која ракија најмногу боли глава после пијанство”.
Рече дека додека бил опозиционер имал 9 контроли на имотот. Откако не му било пронајдено ништо валкано, ,,црната пропаганда” му закачила етикета – пијандура, со цел за да го дискредитира како личност и политичар. Тие коментари му се забавни, нотираше во емисијата.
-Социјалните мрежи се еднострана комуникација. А, јас сакам да ги видам тие луѓе, очи в очи, да видам што постигнале. Секоја втора пијандура за мене вели дека јас сум – кажа Шилегов.
Меѓудругото, одговори на дилемата околу финансирањето на Дино Мерлин за новогодишната ноќ. Спонзорите на новогодишниот настап на Дино Мерлин во Скопје ќе бидат обелоденети на 31 декември, кажа вечерва градоначалникот на Скопје во емисијата на ТВ ,,Алфа”.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Само во декември казнети 235 загадувачи, највисоката глоба е 10.000 евра”
Рече дека менаџерот на ѕвездата барал тоа да биде деловна тајна и само тој може да каже доколку сака нешто повеќе, пред дочекот на Новата година. Таа информација може да се дознае само од него и со негова согласност.
– Јас сум одговорен за трошењето на јавните пари, не за спонзорските – потенцираше Шилегов.
Додаде дека спонзорите ќе бидат видливи за новогодишната вечер.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Шекеринска: На вмровските пратеници не им пречи ,,Северна” кога земаат плата”
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]