Првото извлекување на ,,Мој ДДВ” на 4 јануари – во игра 15 награди од 100.000 денари

Со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата ,,МојДДВ”, цела година, односно до 14 декември 2020 година, секој полнолетен граѓанин може да стане потенцијален добитник на една од 3.852 награди.

НАГРАДИ СЕКОЈ ДЕН

Вкупниот износ на наградите е половина милион евра. Секој ден ќе се доделуваат 10 награди – четири од 1.000 денари, три од 2.000 денари и три од 3.000 денари. Недобитните сметки ќе добиваат сериски броеви кои ќе влезат во месечниот циклус за 15 награди од по 100.000 денари, како и за двете премии од 3 милиони денари.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и две главни премии од по три милиони денари.

Секој учесник во наградната игра, треба да е корисник на апликацијата, но и да е регистриран на системот е-Персонален данок.

Извлекувањето на дневните награди ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката.

БОРБА ПРОТИВ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

Извлекувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат на националната телевизија од студиото каде се одвива Лото извлекувањето, веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер. Првото извлекување за 15 награди од по 100.000 денари ќе биде на 4 јануари 2020 година.

ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Луѓе на Брижит Бардо му го спасуваат мечето Теди на штипскиот градоначалник”

За сите дополнителни прашања граѓаните можат да се обратат до контакт центарот на Државна лотарија, или страната www.loto.mk.

Наградната игра, е креирана како стратегија за борба против сивата економија.

ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Шилегов: Ракија и алкохол ретко пијам, а спонзорите на Дино ќе се знаат за Нова Година”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!