Општина Центар започна со пробен аеросолен метод за намалување на загадувањето на својата територија – прскање на улиците со апликација со која загадувањето се намалува и од 60 до 65 отсто.
– Сведоци сме на зголемено загадување на воздухот, особено во овие зимски денови. Загадувањето на животната средина е повеќедецениски проблем кој е присутен во сите поголеми урбани општини во цела држава. Во Општина Центар ја применивме аеросолната метода, која важи за еден од најлесните и најефикасни начини за справување со загадувањето. Апликацијата се врши со ситни капки вода, збогатена со специјализирани засладувачи, од околу 100 до 500 капки на сантиметар квадратен.
Тогаш кога загадувањето во градот е поголемо, ефектите од овој метод се посилни и по апликацијата, се добива намалување на загадувањето на воздухот до 70% – објасни градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
Пробното прскање се изврши во Дебар маало со турбоатомизер, со 5 комори и 12 прскалки. Професори од машински факултет уверуваат дека методата е успешна и загадувањето е помало од 60 до 65 отсто во деновите вредностите на честичките се високи и кога се аплицира течноста. Од Општина Центар допрва ќе решат дали овој нов метод ќе го применуваат редовно на улиците во оваа општина, кога концентрациите на ПМ10 и 25 честички ќе уриваат рекорди во загаденост.
ЛИНК ДО ВИДЕОТО:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219332898460747&id=1459278646
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]