Наспроти информациите дека актерката Силвија Стојановска, денеска, е уапсена за шверц со 700 килограми кокаин, запленети во Шпанија, на 24 ноември, шпанската полиција, во голема координирана акција, заплени 3 тони кокаин. И тоа во ,,нарко-подморница” – за првпат на европско тло. На Стојановска, и` е одреден домашен притвор, а на новинарски прашања не одговарала. Само изустила – ,,Боже, боже”.

Кокаинот е запленет е во северозападниот регион на Шпанија, во регионот Галиција. Двајца луѓе се уапсени, во некои европски медиуми се именуваат како Колумбијци, во други како Боливијци.
Подморницата била долга 22 метри, а превезувала 3.000 килограми висококвалитетен кокаин.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Центар ги прска улиците за помало загадување до 60%”
Се претпоставува дека пратката стасала од Колумбија, а вредноста на кокаинот се проценува на 100 милиони евра на црниот пазар.
Во најголем дел, дрогата требало да заврши на улиците во Велика Британија, соопштиле шпанските власти.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]