Коко го прослави 24. роденден со другарите, им дал дел од својата храна

Шимпанзото Коко, го прослави својот 24 роденден во скопската Зоолошка градина.
Роден е во Скопје, а израснат е во Холандија, каде пред десет години замина на рехабилитација поради депресија. По создавањето на добри услови и изградбата на стандардизирано живеалиште, тој, заедно со тројца негови пријатели-шимпанза, годинава, се врати во Скопје.

– Сите те сакаме и се грижиме за тебе. Прости им, што во минатото си доживеал лоши денови. Сега, тука се за тебе луѓе кои неизмерно те сакаат и целото внимание ви го посветуваат на тебе, Изи, Мими и Роси. Ти посакуваме многу убави денови, поминати со другарите и зоо-негувателите кои се трудат секој момент од денот да ви го направат интересен и посебен. Да си ни жив и здрав – му честитаа вработените на шимпанзото-миленик.

ПРОЧИТАЈТЕ: ,,ШТО АКО НЕМА ОСТАВКА:  Заев и Владата остануваат до декември 2020, техничка ќе нема”

Од нив за роденден добил неколку роденденски кутии со посебна храна внатре – јаткасти плодови, овошје и зеленчук. Кои, како што рекоа вработените, не бил себичен и ги споделил со другарите.

Шимпанзата, по генетика, се најблизок вид на суштества до човекот. Коко, не го познава својот татко, бидејќи починал, а кога имал 9 месеци, починала и неговата мајка. Од 1995 до 2009 година, во скопската Зоолошка градина тој бил потполно сам и не знаел дека постојат други суштества од негов вид. Поради тоа, во последните години, падна во депресија и одбиваше контакт со луѓе. За него се грижеше и уште се грижи негувателот Драган, кој, имено и инсистираше Коко да замине на ресоцијализација во странство.

Првата средба, по десет години, меѓу Коко и негувателот Драган, погледнете ја на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1313495668801026&id=972410982909498

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!