На барање на граѓаните, на семафорите на булевар Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин, информираа градските власти.

Целта на оваа активност на Градот Скопје и на компанијата ОКТА е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Првото извлекување на ,,Мој ДДВ на 4 јануари, во игра 15 награди од 100.000 денари”
– На барање на граѓаните, по немилиот настан минатата година кога на овој пешачки премин загина пешак, Градот Скопје, на оваа локација постави семафор за да овозможи побезбедно минување на пешаците преку булеварот. Наидовме на разбирање кај компанијата ОКТА за да воведеме и еден поинаков систем – во моменти кога нема толку многу сообраќај на улицата да може со притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал за да се зголеми безбедноста на пешаците при преминувањето на улицата, особено на децата од оваа околина коишто одат на училиште – изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, при ставањето во употреба на новиот механизам за регулирање на сообраќајот.

Тој потсети дека Градот Скопје на булеварот Србија годинава изгради и велосипедска патека која ги поврзува главните велосипедски рути во Аеродром со Кисела Вода и Гази Баба.
– Сакаме да воведеме безбедно движење со одржлива урбана мобилност. За мене е императив сите решенија кои ги нудиме како градска администрација да се во насока на одржливата урбана мобилност, а пред се, да се безбедни за граѓаните, особено за најранливите категории во сообраќајот. Мислам дека тие промени, чекор по чекор, стануваат видливи благодарение и на вакви општествено одговорни компании како што е компанијата ОКТА, а ние ја зголемуваме безбедноста на граѓаните – нагласи Шилегов.
Тастерот на семафорот на булеварот Србија е донација од компанијата ОКТА. Се предвидува поставување вакви тастери на повеќе пешачки премини на градските булевари.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]