Пробиена нова улица кај ,,Алумина”, скратен патот за влез во Тафталиџе

Општина Карпош проби нова улица, Новопланирана 3, во населбата Тафталиџе 1, помеѓу улиците Прашка и булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. Со оваа улица, која беше предвидена за пробивање уште пред 10 години, се поврзува Козле со Тафталиџе и возачите не мораат повеќе да трошат време и гориво, возејќи дури до студентскиот дом ,,Гоце Делчев” за да влезат во населбата.

Оваа сообраќајница во голема мера ќе го олесни сообраќајот во овој дел од Карпош, на потег кој беше најпогоден од непланската и агресивна урбанизација, велат од Карпош.
Новата улица е со должина од 142 метри, девет метри ширина на коловоз, а се работи и на два нови тротоари.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!