Пишува:// Јорданка Ивановска – Јоци
Драг, Геро.
Полека, полека, нашиве јавни преписки, кои секогаш почнуваат со ,,драг/а…”, веќе добиваат еротска димензија и сексуална тензија од писмата меѓу Хенри Милер и Бренда Венус. Секако, мене тоа воопшто не ми пречи, а искрено не ми е воопшто грижа дали и` пречи на твојата сопруга. Знаеш колку сум безобразна, дрска и самоуверена во секој поглед.

Туку, веројатно си заборавил. Мартин Протугер за првпат на новинарка во јавност и` се обрати со ,,Драга, Весна..” пред некои десетина години, и тоа на Весна Ковачевска – Трпчевска, кога ја избркаа со неколкумина новинари од Канал 5.
Ти текнува на него? За момент помислив дека тој ти ги пишува препискиве. Бидејќи и публиката која сега ,,корне” коси по тебе е таа – протугеровата.
Да ти одговорам накратко околу твојата очајна смисла за хумор дека не сум те разбрала, наспроти она што ти си сакал да кажеш околу твоето вчерашно тврдење. Односно, дека ти е интересна тезата дека во ,,Рекет” е вмешан Никола Груевски, кој и се сретнал во Будимпешта со Бојан Јовановски.
Мислам дека е невкусно на личноста која летоска на маса во ,,Лајт кафе” ја спореди со Тања Торбарина по умот и острината, т.е. мене, сега да и` кажуваш дека не те разбрала што зборуваш. Јавноста не знае, оваа новава твоја, ,,патриотскава” де, дека ти всушност обожуваш да се допишуваш вака остро со мене, не ни е првпат. Уживаш во ова внимание. А, знаеме која е Торбарина, нали?
Се сложуваш дека се излета троа повеќе? Односно, во твој стил – се фати на јадец. Пу, јаз’к, а баш на Алфа зборуваше како нема да се фатиш на јадец.
Ќе те цитирам околу мене – ,,остар, а нежен стил, невулгарен”.
Јас и еден куп луѓе кои коментирале под линкот на емисијата, те разбравме, појасен не можеше да бидеш – Груевски е организатор на ,,Рекет” за да ја бутне Владата на Заев, што и има логика. Не знам што се потресуваш толку за ,,господинот Никола Груевски”, како што вчера го нарече во емисија. И секако попаѓав од смеење.

А, ти што си сакал да кажеш по телевизии, а притоа мислата не ти е јасна пред камери, слободно нека те декодира ,,Енигма” машината од Втора Светска војна. Тоа е имено и проблемот со пишувачи, не им тече мислата исто пред камери, како пред компјутер.
И за крај, драг Геро, немој да делиш лекции за вода, на некој кој плива во ,,медиумски води” веќе 20 години како Кејти Ледецки.
Немаш кондиција за мене и ти тоа многу добро го знаеш. Ако продолжиш со ,,Драга Јоци” на други порталчиња, јас тоа ќе го препознаам за две секунди. А, не ти останаа повеќе од два за ,,делење на правди” и пресметки.
Бакнежи.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]