ТЕЛЕЗБОКТИС
Пишува: Јорданка Ивановска-Јоци
Алфа, утринска, пред некој ден. Часот беше некаде 8 наутро. Двајца водители, едниов брадосан во филм на ного јак комита, другава дека кај и да е ќе стане Шерон Стоун, ја најавуваат министеркава Рашела Мизрахи, еден час пред да стаса во студио. Пошто жената си гостува по тв емисии и во работно време, директно од тв ,,Алфа” решава социјални проблеми преку смс порака или преку голуб, немам друго објаснување. Многу посветена, најцелосно.
Туку, додека ја чекавме женава во студио, се јавуваа гледачи. Водителкава плавуша, толку као се потресе од неколку јавувања, што пет пати повтори колку е среќна што ете конеееечно Рашелка ќе стасала во студио за да одговорела на 5.790.856 прашања кои ги мачеле граѓаните на Македонија.

Стасува Рашелка и еве ја пак плавушава со нов монолог. Објаснува кооолку е среќна што пред неа седи едно такво божество од министерка, една таква прекрасна личност, ејнџел он ерт, која со магично стапче за десетина дена открила тооолку многу јаки ствари, да ќе ни дое да искршиме и телевизор и се`. И ќе отидеме и у кафана, ќе нарачаме песна за Рашелија и ќе искршиме и таму и чаши, и столици, и келнери и пиќке си мајќине.
И збооори и збооори малава, па тупи како Мила Царовска не била тоолку добра ко Рашелија и во еден момент, плавушов на ,,Алфа”, вели : ,,се извинувам за долгиот вовед”.
А, Рашелка, нормално со блажен лик на Мис Стон од 21 век и` одобрува, нешо као ,,нема проблем, киднапирајте ме ко ваша икона, ко ваша муза на вашата најобјективна тв, можам јас тука и цел ден да седам да ме фалите ко многу јака вмровка, никој не ме чека да му решавам проблеми”.
И конечно ко најјака вмровка, почна да ни објаснува нешо околу нега на трето лице, па како Законот бил сменет на 15 декември, па затоа настанал некој хаос околу комисиите кои сега се поделиле законски, во повеќе градови. Претходно била една, централна комисија. И ете, настанал застој во тој период од еден месец, кој Рашел ни го прикажува ко Фукушима, ќе се гледале со Филипче за да решаваат, за на крај самата да констатира – ,,сметам дека ќе имаме уште поголем застој”. И цело време, шо и да збореше, велеше – ,,на жал, така е”. На жал, бе!?
Чекај, Рашел, шо рече!? Како, бе, маци поголем застој, нели ти супер-жена се’ ќе решеше за два дена?
Ај, шо сама себе ,,се убијала” министеркава некаде околу 8.30 наутро, него плавушов за сето време ја имаме у камера – ,,Аха…аха…аха”. И трепка со тоа очичките.
После женичкиве фатија друга тема, ужасите во Заводот во Демир Капија. Ужасната ни била, Рашелија, од тоа што го затекнала. Секако, не ни објасни како тоа таму е ужас и се’ се распаѓа, кога нејзиниот екс шеф, Никола Груевски, пред 4 години, рече реновирано е.
И целата таква потресена, ужасната, во делириум и други состојби, на крај рече како би било најдобро да се изгради нов објект. Ама, цитат – ,,ќе треба граѓанството да излезе во пресрет да се изгради нов објект”.
Шо кажа, Рашелио!? Сериозно ти ова.
Ти министерка ни кажуваш ние граѓаните да донираме?
Вака ќе направиме, маќко. Ти кажи кај се парите кои Груевски рече ги вложил во овој Завод, дај си оставка, а ја ќе те заменам и ќе изградам нов објект на тие луѓе.
Срамота е да се ,,возите” во кампања, ма, на тие луѓе, па уште одозгора – граѓаните да излезеле во пресрет. За што плаќаме даноци!? Кај се парите од Груевски, ајде, излези и кажи.
Оди ти плети, има други кои знаат како.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]