СДСМ, вие држава знаете да водите?

СДСМ, вие можете колку сакате да оддржувате онлајн конгреси и да делите виртуелни лекции за заштита на здравје и да зборувате во празно дека се грижите за државата.
Но, кога на терен полициско возило предводи погребна поворка во ек на пандемија [кога умираат 20 луѓе дневно], а 300 лица дента испраќаат покојник под ,,покровителство” на полицијата, притоа натискани под тенди, вие имате сериозен проблем – дали знаете да водите држава❓
Владата и полицијата не се советодавни органи, не се друштва за организација на погреби и венчавки со пропратен музички вокал на Горан Бреговиќ, напротив извршни и репресивни органи. Значи кога ќе кажете – нема масовни собири, тоа треба да важи за СИТЕ ℹ И да се погрижите да биде така.
Како утре ќе им кажете на луѓе – не делете блага пченица на погреби, не викајте луѓе, не правете слави, не одете по журки по станови, не правете протести…❓Имате авторитет после денешниот ден❓ Па, немате ℹ

Прочитајте друго: АНАЛИЗА: ,,Левица” расте, ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

Вие самите ги кршите мерките, кои ги носите на хартија. Акцентот е ,,на хартија”.
Ги ставивте во опасност и луѓето на тажниот настан, кои се водат по обичаи и им работат емоции, но и сите нас.
За емоции ве биравме❓
Па, слободно може Селин Дион да ни биде премиерка, како емотивна икона, но бар знае да пее убави песни.
Ако веќе сме во пеколот, барем да слушаме добра музика.

Не сте на ниво на задачата и тоа скапо ќе нè чини сите како држава. Пропаѓаме економски и психолошки, а вие сте заслепени од рефлекторите на вашата виртуелна реалност.
Мицкоски, најнеспособниот лик во политичка историја на Македонија, ве гледа и се смее. Македонија не го избра овој лик, минато е, вие сте одговорни за сè, за сите последици по овој настан.

А, кој медицински кадар по ова ќе ја спасува Македонија❓ Ќе остане некој по болничките соби каде ќе се борат за живот стотици❓

[ЈИЈ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!