🎬 Пишува: Јорданка Ивановска – Јоци
Дали популарноста на Димитар Апасиев кај десничарското радикално тело се должи на Синиша Алексовски, екс разузнавачот на вмровци, во време наќево и хорхево, дали го контролира целосно дури и кога пали светло за да моќка❓Кој е Апасиев без Синиша, предводник на проруската линија во ВМРО-ДПМНЕ❓ Дали му ја осмисли цела кариера на момчето од Велес со црни кошули и му ја стави на тацна цела своја бот виртуелна мрежа за да го ,,бустира” во етер момчето, а со тоа му подари два мандати во Собрание❓

⚠️ Апасиев на Телма пред 3 години, во емисија со Богдан Илиевски и Павле Богоевски, кога уште беше поиман од јавноста како ,,шарен”, велеше дека Никола Груевски е криминалец, стегнат од Западот за да учествува во промена на името, кој на крај – ќе ја уништи ВМРО-ДПМНЕ.

⚠️ Во 2020, истиот Апасиев, веќе не го споменува често Груевски, речиси воопшто, камоли да го посочи како виновник за промена на ,,името”, бидејќи екс лидерот е икона на вмровци и реално се многу чувствителни на таа тема. Апасиев, повеќе не ги потсетува кој е Груевски, криминалец кој го стегна Западот⁉️
Реториката ја смени и собра гласови токму од поддржувачите и идолопоклониците на истиот тој Никола, чиј пулен е и Синиша.
Но, сепак. Вмровското членство уште не сфаќа дека ,,Левица” скапо ќе ја чини нивната партија.
🔊 Тие два мандата на ,,Левица”, ВМРО-ДПМНЕ го чинеа формирање Влада. Накратко кажано, партијата – сателит, осмислена да украде леви гласови, на крај се сврте против креаторите и украде десни и вмровци ги чинеше Влада⁉️
За тоа време, додека во најголем дел, десните гласови експресно се прелеваат во ,,Левица” – Мицкоски, не знае што да прави со себе. Немо набљудува како гигант- партијата се распаѓа, пука, се крши, но тоа мало синче на тато се држи на тронот со последни сили, со еден нокот кој се крши, дури и кога го напуштаат пратеници, Игор Дурловски, а Илчо Захариев не сакал да ,,трча” за градоначалник на Штип…
Мицкоски го оцрнуваат и оние кои скапуваат по затвори за ,,27 април”.
Мозок кој и Мицкоски го контролира е истиот Синиша Алексовски, како што неодамна посочи Петар Богојески во емисијата ,,Во центар”.
ℹ За тронот во ВМРО-ДПМНЕ, во моментов, се борат две струи – проруска и прозападна.
Вторите се на чекор да влезат и да направат целосни реформи во корист на партијата и формирање Влада. Во тој ,,филм” сега-засега не влегуваат Алексовски и ,,Левица”, како проруски фанови.
Прашањето е – дали Синиша, споменат во сведочење за ,,27 април” како оперативец, навистина го создаде Апасиев или само му е ментор❓И дали оној кој го создаде ќе мора и да го уништи на политичката карта, еден ден, за доброто на ВМРО-ДПМНЕ❓Како ќе им кажат на гласачите дека не треба да гласаат за Апасиев⁉️ Вмровци си знаат најдобро.
Апасиев, во моментов, како што кажа во емисијата – е во филм дека ќе трае.
Така мислеа и Циле, и Тито Петковски…
Само Павле Трајанов, како екс цајкан, е вечен.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]