Брнабиќ повторно е избрана за премиер на Србија

За новата влада на Република Србија, која по втор пат ќе ја предводи Ана Брнабиќ, гласале 227 пратеници. Според официјалните информации, немало воздржани, а петмина биле против.

Во кабинетот на старо-новиот шеф на српската влада, 50 отсто се жени, кои, по гласањето ќе положат заклетва. Новата влада има 21 министерство.

Брнабиќ најави дека новата влада ќе биде влада на политички и економски континуитет.

„Оваа влада ќе има шест цели на кои ќе посвети посебно внимание – борбата против короната, Косово и Метохија, борбата против организираниот криминал и војната против мафијата, независното донесување одлуки од страна на Србија, владеењето на правото и забрзувањето на реформите и натамошното економско зајакнување на Србија“, потенцираше Брнабиќ.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!