Во Чешка недостасува болнички персонал, средношколци помагаат во болниците

Бројот на случаи со коронавирус во Чешка расте, болниците се полнат и има сè поголем недостиг на медицински персонал, па средношколци неодамна започнаа да помагаат во болниците

Докторот Милан Кубек, претседател на Чешката лекарска комора, рече дека до 28 октомври 15.433 здравствени работници биле во самоизолација, а скоро 3.000 од нив биле лекари.

,,Ситуацијата е многу сериозна. Чешкиот здравствен систем никогаш порано не се соочил со таков предизвик. Околу 1.000 здравствени работници се разболуваат секој ден”, рече Кубек.

Тинејџери помагаат во болниците

„Помагаме во одржување на хигиената, понекогаш вадиме крв“, рече 18-годишната Барбара Сасова, која моментално им помага на медицинските сестри во болницата во Кјово, град во источна Бохемија, пренесува Си-Ен-Ен.Сасова вообичаено посетува средно медицинско училиште, но со оглед на тоа што нема повеќе часови низ целата земја за борба против ширењето на пандемијата, таа сега учествува во работата на болницата каде што е неопходна помош. Некои од нејзините колеги имаат само 16 години; тие не можат да гласаат, па дури и да возат, но сепак помагаат во болницата. Таа смета дека тоа е нивна должност бидејќи се иднината на здравствените работници.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Итни мерки во Грција: Солун е во црвената зона, се затвораат кафулиња и ресторани

 

„Здравствениот систем во Чешка веќе пропадна бидејќи болниците, со неколку исклучоци, не се во состојба да обезбедат долгорочна нега на пациенти кои не се заразени со ковид-19“, рече Јиржи Винал, шеф на одделот за итни случаи во Кјово.Во чешкиот град Злин, седум болнички оддели се затворени за да се остави простор за пациентите со Ковид-19.

„Немаме доволно медицински сестри, лекари и техничари“, рече д-р Томас Габрхелик. Околу 15% од неговите колеги се заразени со коронавирус. Габрхелик вели дека наскоро ќе мора да ги замоли да се вратат на работа дури и ако се уште се болни.

,,Студентите и волонтерите се корисни, но лекарите се незаменливи. Властите не можат да сторат многу затоа што секој регион го има истиот проблем. Ако работите не се променат, наскоро ќе мора да отфрлиме нови пациенти”, додаде тој.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!