Етнички игри: За Героски терористот од Виена е Албанец, Шакира е Македонка

Македонските медиуми побрзаа да објават непотврдени информации околу терористичкиот напад во Виена, Австрија. Повикувајќи се на само еден уредник на австриски медиум, а не на официјални полициски и владини извори, прочитавме еден куп наслови кои алудираат дека еден од напаѓачите бил Албанец⁉️
Иако, многу јасно беше кажано во австриските медиуми дека момчето е родено во Виена, има австриско државјанство, но и македонско.
Значи може да напишете македонски државјанин, потекло на место, а сè понатаму што има врска со етничка припадност е сензација и игра со оган.

Од морето непотврдени информации, со акцент на етничко потекло, кое по правило не треба да се потенцира во медиумски наслов и текст за да не се зовриваат националистичките страсти и да не се мобилизираат радикални струи, преднички сајтот на Бранко Героски.
Тој отиде најдалеку во својата ,,плодна истражувачка кариера”. Ни откри дека терористот бил Албанец со тетовски корени⁉️

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Вмровските ,,пинк” ѕвездички: Советничка на Мицкоски се журка без маска и ,,под гас” се бакнува

Тоа е истиот Героски кој Шакира ја направи Македонка, иако таа потоа и официјално го потврди за наши медиуми фактот дека не е Македонка и нема никакви корени. Ни една третина, ни две четвртини, ништо од тоа. Но, ете, Героски продолжува да ,,негува” етнички курс.

Да сумираме – терористот според ,,џирло новинарството” на Героски е Албанец, Шакира е полу Македонка.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!