Митинзите на Трамп предизвикаа 30.000 инфекции, Белата куќа обвинува за претпоставки

Масовните предизборни митинзи на американскиот претседател Доналд Трамп, од јуни до септември годинава, доведоа до повеќе од 30.000 потврдени случаи на КОВИД-19 и најверојатно предизвикаа смрт на 700 Американци, се вели во економската студија на Универзитетот Стенфорд. Студијата не е објавена во академско списание.

Инволвираните во истражувањето, објавено во петокот, внимателно следеа 18 митинзи на Трамп меѓу јуни и септември, како и нивните посетители до десет недели по митингот. Водач на проектот е шефот на економската катедра на ,,Стенфорд”.

„Заедниците каде се одржаа митинзите на Трамп платија висока цена во однос на болеста и смртта“, заклучија истражувачите.

Многумина летото не носеа маски

Истражувањата покажаа дека стапката на КОВИД-19 често се зголемуваше во заедниците каде што беа организирани митинзи во споредба со блиските градови кои Трамп не ги посетил.

„Постојат некои индикации дека почитувањето на здравствените упатства, како што е употребата на маска, сепак се подобри на подоцнежните митинзи“, заклучија истражувачите.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, ја отфрлил Студијата како ,,политички модел базиран на претпоставки кои имаат за цел да ги засрамат поддржувачите на Трамп”.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!