Скандалот со резбата продолжува: Шилегов да каже како ќе се склучува граѓански брак во црква

По објавата на медиумот ,,Сакам да кажам” дека резбата во старата Матична служба скандалозно и неодговорно е оставена долго време да скапува и да тоне во прашина во распадната барака, се јавија двајцата прозвани градоначалници – Саша Богдановиќ на Општина Центар и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Богдановиќ, чија канцеларија е на неколку чекори од Матичното, тврди дека не знаел во која состојба е резбата на Нестор Алексиев Мирчевски, раритет изработен пред речиси 80 години. Бараката, како што кажа центарскиот градоначалник, била на Управата за водење на матични книги. Но, од друга страна се прогласи за надлежен за мебелот – информираше дека ќе го репарираат.

ФБ објава на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов

Неговиот колега, Шилегов, отиде подалеку во ширење на скандалот со резбата уште најмалку недела дена во медиумите како топ вест. Тој напиша на неговиот ФБ профил дека резбата ќе ја подарат на МПЦ-ОА со цел во црквени простории да служат за склучување на граѓански брак⁉️

По оваа објава, прво, а не единствено логично прашање до Шилегов е – како се склучува граѓански брак во Црква, во мултиетничко општество каде живеат православни христијани, муслимани, евреи, методисти, евангелисти, протестанти, припадници на разни легални секти и секако – атеисти?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!