Јоки Поки: Под душек го најдовме албумот од свадба, така и ни текна дека сме во брак [2]

КАРАНТИН ПРИКАЗНИ – Пишува: 🎬 Јована Нановски а.к.а Јоки Поки, сопственичка на ,,Нано бар”

Дејствието се случува во Скопје, 2020 година…

###
Отворам очи сабајле, врска немам колку е часот и кој ден е, надвор сонце, домашна идила, тишина, сите спијат… КУЧЕТО со едно око набљудува и се преправа дека спие. А, ќе му пукне бешиката, ама сака да ужива во тишината.
БАБАТА, станала на десна нога, отиде да го моча КУЧЕТО. Станавме и ние, чукаше оној кристалниот часовник од ПРАДЕДОТО на ДЕТЕТО. После 40 години сфативме дека се навива 28 вртежи за 7 дена.

ТАТКОТО и КУЧЕТО отидоа на Водно, сакале да медитираат малку. БАБАТА влезе во кујна, да прави некој колач – грчка алва. ДЕТЕТО сакаше да врти хулахоп, ама сета среќа  хулахопот не го собира, па почна у сред дневна да скока јаже. БАБАТА од нерва шо и` дигаше внукот прашина, место зејтин – стави оцет во колачот, но сите молчиме. И убав е.
И сите сме заедно по дома, и чекаме да гледаме ,,Преспав”, како да е 1989 – кога го чекавме ,,Бољи Живот” во сабота.
За да се смириме по дома, ТАТКОТО отиде да купи пиво ,,Даб”, но се врати со ,,Корона”.
Животе, скоте!
П.С: Се разбуди ЖЕЛКАТА од хибернација.

###
И денес се разбудивме живи и здрави, да не нè мислите. Ни ѕвонеа на врата, дезинфекција, дератизација и дезинсекција на влезот, што значи, сè уште има останати комшии во влез, со јаки нерви.

Ах, да, ни ѕвонеа на врата да ни ги врачат сметките за струја и вода, паднале од сандачето, многу се израдувавме, како да сме добиле разгледници од Кина.
Не помина половина час, пак ѕвони некој – управителот на куќен совет. Ми се стемни, мислев донеле одлука да не иселат од зградата заради галама и неартикулирани звуци. Ќути, среќа, не било тоа, се затнал одводот на цела зграда, па дошла служба да ја одзатнува шахтата. Ми вели – ,,некоја будала жена фрлила хулахопки во тоалетната ШКОЛА”.

ТАТКОТО излезе да го истрча ДЕТЕТО и КУЧЕТО. И БАБАТА излезе, и` стаса некоја препорачана пратка од пошта, па се потепа да отиде да ја земе, се понадева дека и` стигнале иглите за плетење од ,,Али експрес”. Тишина и мир дома, само јас и ЖЕЛКАТА, таа среќно плива, јас среќно си ги перам марамите. Имав време да ги пружам за сушење, ама низ цел стан.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Студија: Кај оние со благи симптоми, имунитетот може да трае и шест месеци

Се вратија домашните, едни по други. Кога ги видоа марамите паднаа у несвест, дури земаа да ги бројат – 87 на број.
Не знаете колку ме искараа, дури ми рекоа дека викендов ќе ми стават картонска кутија пред маркет за да ги продавам и со парите да купиме брашно, зејтин и други залихи за дома.
ДЕТЕТО зема да си ја чисти собата, мислам дека од под душек ги извади и духовите од претците. Најдовме и 2-3 мандарини, од ужинката од 4-то одделение и еден сендвич од прво полугодие 2019-та.

Го најдовме и албумот од свадба, така и ни текна дека сме во брак. Не беше баш среќен, ни го тресна на маса. Мислам дека е љубоморен бидејќи го нема на сликите и дека ја пропуштил журката со бесплатна храна и пиење.
Следуваше уште еден шок, ги нашол нашите свидетелства со двојки и тројки, а ние упорно го убедувавме дека сме биле одлични.

Попладнето имавме афтер парти ,,Бал под маски”. Дека денес петок, па утре неработен ден, нели. Сите петорица сосе кучето, ставивме маски и седнавме да гледаме тв. Сите дневници и пресови ги изгледавме. Пресовите влијаат многу позитивно и едукативно на нас.
Убава беше и вечерта, се додека не почнавме муабет за роденденот на ДЕТЕТО. Се испокаравме дали да го слави во дневна или во спална, башка и за гостите се скаравме, не смее повеќе од тројца, а ние сме шест.

[Продолжува….]

👇 Првиот дел од ,,Карантин приказни” 👇:

ЈОКИ ПОКИ: Кучето се шета во AC/DC маица, детето ни го прегоре светлото во фрижидер [1]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!