Бајден има 284 гласови, американските медиуми го прогласија за нов претседател на САД

Џо Бајден ја освои Пенсилванија, сојузната држава што носи 20 електорски гласови. Според сегашната состојба, тој има 284 изборни гласови, што е доволно за да победи. Да потсетиме, за да се победи беа потребни 270 изборни гласови.

АП, Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си, Еј-Би-Си, Фокс и други американски медиуми го прогласија Бајден за 46 – ти американски претседател. Камала Харис ќе биде потпретседател на САД. Бајден, вчера, за едно деноноќие направи пресврт во  Пенсилванија, каде Трамп во четвртокот сепак имаше предност од околу 150.000 гласа.

Бајден го смени резултатот и во Џорџија каде исто така поведе. Тој сега води таму со околу 4.000 гласови.
Во Џорџија , Доналд Трамп вчера беше во водство со разлика од 18.000 гласови, но гласовите од гласање преку пошта одат во прилог на Бајден, па разликата се намали на само 463 гласа денес во 10 часот по локално време. Околу 11 часот се случи голем пресврт и Бајден поведе со 917 гласови и продолжи да го зголемува водството. Но, вчера беше објавено дека пребројување ќе се одржи во Џорџија .

Џо Бајден и Камала Харис

Гласовите сè уште се бројат во Аризона, каде некои американски медиуми веќе ја прогласија победата на Бајден. Таму беа преброени 90 проценти од гласовите, а Бајден водеше со 50,1 процент наспроти 48,5 проценти на Трамп. Но, и без Аризона, Бајден има 273 изборни гласови, што е доволно за да победи.

Ноќта на изборите, новинските агенции ,,Фокс Њуз”  и АП објавија дека Аризона го добила Бајден, иако биле преброени само 70 проценти од гласовите.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Доста беше! Владата да донесе декрет за општа мобилизација на доктори и сестри

На Твитер, со отсечен тон дека народот го избрал победникот, се јави и Хилари Клинтон, противкандидатката на Доналд Трамп на минатите избори. Таа напиша дека двоецот Бајден/Харис се историски тикет за нова страница на Америка.

Трамп ја негира победата на Бајден, вети правна постапка
Претседателот Доналд Трамп одби да ја признае очигледна победа на Џо Бајден и вети дека ќе започне правни постапки за да се осигура дека „вистинскиот победник ќе седне“.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!