Моменталната глобална неизвесност и вознемиреност предизвикана од економската криза како резултат на пандемијата од коронавирусот го зголемува ризикот од нова светска војна, предупреди командантот на британските вооружени сили, сер Ник Картер.
Во интервју за ,,Скај њуз” објавено по повод Денот на сеќавањето, годишно одбележување на убиените и ранетите во судирите, командантот на британските одбранбени сили, сер Картер, рече дека зголемувањето на регионалните тензии, особено погрешните процени може да доведат до широк конфликт.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Под душек го најдовме албумот од свадба, така и ни текна дека сме во брак [2]
Смета дека живееме во момент кога светот е мошне неизвесно и вознемирено место. Со значителниот број регионални конфликти што се водат во моментов, постои реален ризик од ескалација што може да доведе до погрешни процени.
На прашањето дали смета дека постои реална закана од нова светска војна, Картер одговорил: „Она што го велам е дека постои ризик и дека треба да бидеме свесни за тоа“.
Картер, кој ја предводи британската војска од 2018 година, вели дека е важно да се сеќаваме на оние кои загинале во претходните војни како предупредување за оние што може да ги повторат грешките од минатото. Според него, ако ги заборавиме ужасите од војната, тогаш постои голем ризик луѓето да мислат дека војувањето е разумна работа, која треба да се направи.
Меѓудругото потенцирал дека мора да запомниме дека историјата можеби нема да се повтори, но дека гледајќи наназад во изминатиот век пред двете светски војни, несомнено постоела ескалација што довела до погрешни процени, кои на крај довеле до војна од такви размери какви што, се надева – никогаш повеќе нема да видиме.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]