,,Златната кокошка” во игра: Дали Шилегов ќе ја продава локацијата на градските бараки од 12.000 м2 и на кого?

Ако на нешто ревносно и со полна пареа се работи во Град Скопје, тоа е дефинитивно темата – Градска куќа и што да се прави со атрактивното земјиште на Илинденска, каде сега се наоѓаат градските бараки. Тие секако ќе се уриваат, како што е одамна планирано.

Но, вистинското прашање е – дали и колку метри квадратни од оваа локација ќе се продаваат, а колку ќе бидат резервирани за паркинг простор, кој меѓудругото ќе служи и за новата кафеана ,,Кермес” која ќе ја гради Олга Костовска?

Станува збор за локација просто кажано – ,,златна кокошка” од околу 12.000 метри квадратни, односно според имотниот лист – 5.595 м2 земјиште под зграда и 7.129 м2 – дворно место.
Намената, според постојниот план за овој дел од Градски парк, а и новиот кој набрзо ќе се донесе во Општина Центар е – паркирање.
Но, паркирање е многу широк поим, особено ако намените во урбанистички план се комбинирани, па паркирањето на крај се измеша со спортски содржини и секако кафулиња.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: ,,Кристална ноќ”: Модерно облечени жени ракоплескаа кога нацистите ги кршеа прозорците на Евреите, а бебиња ја гледаа ,,забавата”

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, лани, ја продаде Градската куќа под Кале за 12,7 милиони евра, а во моментов бара атрактивна зграда во строг Центар за сместување на градската администрација.
Но, за темата ,,локација на бараките” секогаш вели – ,,уште размислуваме”.

Лани едно говореше, годинава друго.
Во тоа размислување на Шилегов, лани, тој рече дека имаат проект за монтажен паркинг, со капацитет од 600 до 900 возила. Она интересното, изјави како на покривот од монтажниот паркинг сепак испланирале спортски игралишта.
Годинава веќе му е покус муабетот, па изјавува само ,,монтажен паркинг”, без да појасни на колкава површина би се градел од тие 12.724 м2, а дали дел од локацијата сепак ќе оди на продажба на приватно лице.

Локацијата од постојниот план за Градски парк, дел од Илинденска, каде треба да се гради монтажниот паркинг на дел од градските бараки

Според планот, намена ,,катна гаража” или ,,надземно паркирање” од 7 метри има кај последната барака каде сега е даночното одделение. Но, што е со другиот дел од локацијата⁉️Шилегов должи одговори на јавноста дали овој дел од стариот парк ќе биде кафеана и паркиралиште. И зошто.
На крајот на краиштата, монтажен паркинг може да се изгради на паркингот кај Зоолошка градина.

,,Кермес” не мора да обезбеди паркинг за своите гости, на Олга со наши пари ќе и` изгради Шилегов

Иако според секој урбанистички план, должност на секој сопственик е да обезбеди паркирање во рамки на парцела, Олга Костовска, која веќе ги пали багерите за изградба на кафеаната во срцето на паркот каде има стогодишни дрвја – не мора да се грижи за тоа. А, ни да вложи во парконг.
Паркинг-простор за нејзините гости ќе и` обезбеди градоначалникот Петре Шилегов, со пари од даночниците. И тоа на локацијата на старите бараки на Град Скопје, веднаш до ,,Кермес”.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека земјиштето е планирано за моќник на власта

,,Петре Шилегов не дозволи увид на јавноста на објектот. Не дозволи увид во документацијата и начинот на продажбата на Градска куќа. Освен провизиите отворено прашуваме – дали во игра е план за продажба на атрактивното земјиште на сегашното седиште на градот на еден моќник на власта? Дали во срцето на Скопје ќе никне нова бетонска џунгла за заштита на приватните бизнис интереси на власта?“ – рекоа лани од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА:

ПАДНА И ПАРКОТ: Олга Костовска може да гради трокатна кафеана ,,Кермес” од 3.150 м2

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!