Најмалку десет лица загинаа, а седум се повредени, денеска, во пожар што зафати интензивен оддел во јавна болница во северна Романија каде се лекуваат пациенти со коронавирус, соопштија локалните власти. Меѓу повредените е и главниот доктор на интензивна нега, каде се лекувале пациентите.
Службата за итни случаи на северниот романски регион Пјатра Неамт објави дека пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: [ВИДЕО] Навивачи со навреди кон Заев и новинарот Салиу: Еве го шиптарскиот шпион
Романската служба додава дека се верува дека меѓу мртвите има и пациенти помлади од 20 годишна возраст.
Се претпоставува дека пожарот избил поради спој во електричните инсталации.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]