Пауел за ,,Фокс њуз” потенцирал наводни проблеми со софтверот за системи за гласање „Доминион “што се користеше во неколку клучни држави. Според него, има многу „свиркачи“ кои можат да потврдат дека софтверот „Доминион“ наводно бил користен за отстранување на „милиони“ гласови дадени на Трамп.
Обвинувањата следуваат по низата твитови на Доналд Трамп во кои тој конкретно го критикуваше системот на гласање со став дека САД не може да дозволат лажни резултати од гласањето по пошта во 2020 година.
Во изјавата објавена на веб-страница, ,,Доминион” категорично ги негира лажните тврдења за проблемите со замена на гласовите во системот на гласање.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Геро бара прием кај покоен Стево Црвенковски!?
Од Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата при Одделот за национална безбедност навеле дека нема докази дека системот на гласање избришал или изгубил гласови, изменил или на кој било начин го загрозил изборниот процес.
Претходно, адвокатот на кампањата на Трамп, побара пребројување на гласовите во секоја држава што го користеше софтверот „Доминион“ за да се заштити интегритетот на државата и Уставот. Тврдеше дека за време на изборите, погрешно им „одвоил“ 6.000 гласови на демократите на едно избирачко место во државата Мичиген.
Трамп повеќепати ја обвинуваше корпорацијата „Доминион системи” дека е одговорна за фактот дека софтверот на нејзините гласачки машини ги „сврте“ гласовите кон демократите.
Неговата теорија е дека „пропустите“ пријавени на некои избирачки места на денот на изборите се доказ дека демократите се обидуваат да му ги „украдат“ гласовите за време на пребројувањето во клучните земји.