Вики Котевска, медицинска сестра: Голготата допрва почнува, се раскостивме, доста делите ум!

Со професионален и човечки апел за почитување на мерките за време на пандемија, за сериозен придонес за намалување на бројот на заразени и починати, вечерва, со свој ФБ статус до граѓаните се обрати Виолета Котевска, медицинска сестра – анестетичар на КАРИЛ. Екс координатор на медицински сестри за Ковид-19 и претседател на КЗРСМ. 

,,Околу 40..60..70. Не дека не се збореше. Не дека не се раскостивме од работа. Ама сите ум делеа и линкови од Вело гостувања, теории, од рамноземјаши, од политички заднини, од лични фрустрации. А, само треба секој да си го гледа своето, и да пази, пази, пазиии.

Ништо не заврши. Кој кажа дека е завршено??? Тек почиња голготата. А, ние шо го осеќаме и гледаме тоа 24 часа, одамна кренавме раце за да ставаме со инка. Како беше, ако не слушаш ќе осетиш. Е, баш така работава.
Доста барате кривци.

А, Боже мој, да. Ќе растат уште. И на новозаразени и на починати…40 ќе биде старото 4. Дали ќе влеземе у статистиката и во која табела од неа, зависи и од нас”.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!