По победата на Бајден, на Орбан му се заканува промена во односите со САД

Унгарскиот Премиер Виктор Орбан според аналитичарите ќе се соочи  со поостар однос од американската администрација предводена од Џо Бајден, откако беше преголемо неговото верување во победата на Трамп на претседателските избори во САД.

Поранешниот советник за Трамп, Стив Банон, ја пофали тврдокорната антиимигрантска политика на Орбан, како што се оградите на границата, до тој степен што го нарече – „Трамп пред Трамп“.Следејќи го примерот на Трамп, Орбан ја нарече и „лажна“ веста што не му одговараше.

Орбан во септември рече дека реизборот на Трамп ќе биде најдобриот исход за Централна Европа и се пофали дека сегашниот американски претседател му се јавил во октомври. Десничарските медиуми во Унгарија го претставија Бајден како комунист и марксист за време на предизборната кампања во САД.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го обвини Бајден за лицемерие и го обвини за корупција во деловните активности на неговиот син Хантер во Украина, во напад поттикнат од администрацијата на Трамп.

„Орбан процени дека политичката инвестиција во Трамп може да создаде вистински, посебен однос“, рече Агостон Мраз, аналитичар од Незопонт.

Но, сите влогови во победата на Трамп „го нарушија угледот на Орбан во иднина“, рече Питер Креко, шеф на тинк-тенк ,,Политички капитал”.

Орбан не брзаше да му честита на Бајден, но на крајот тоа го стори, но за „успешната претседателска кампања“. Прифаќањето на Орбан дека победил Бајден и заминувањето на Трамп, се смета за прагматичен пристап на Орбан.

Победата на Бајден може да биде почеток на крајот на ерата на десни популисти во Европа

Победата на Бајден „може да биде почеток на крајот на триумфалната ера на десните популисти и во Европа“, рече поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

Според градоначалникот на либералите во Будимпешта, Гергели Караксони,Трамп, бил добар за владата на Орбан, а претседателот Бајден ќе биде добар и за Унгарија”.

Во кампањата Бајден ја критикуваше надворешната политика на Трамп и ја спомена Унгарија во тој контекст.

,,Гледаме што се случува насекаде, од Белорусија до Полска и Унгарија и подемот на тоталитарните режими во светот. Овој претседател (Трамп) ги прифаќа сите насилници на овој свет”, рече Бајден.

Администрацијата на Обама, чиј потпретседател беше Бајден, го предупреди Орбан за нарушување на независноста на судството, медиумите и граѓанските организации. Исто така, забрани влез на неколку унгарски официјални лица во САД во 2014 година под обвинение за корупција.

Будимпешта ќе остане на радарот

Но, под Трамп, „отстапувањето од демократијата во Унгарија беше спектакуларно игнорирано, додека руското и кинеското влијание растеа, а Унгарија се оддалечи од американската орбита“, смета Питер Креко.

Со оглед на здравствените, економските и надворешно-политичките предизвици со кои ќе треба да се соочи администрацијата на Бајден, можеби најдобрата политика на Орбан би била „да биде воздржана“, вели американскиот аналитичар Даниел Хегедус.„Иако воздржаноста не е силна моќ на Орбан“, додаде тој.

Написите дека Бајден би можел да го назначи Ентони Блинкен за државен секретар, син на поранешниот американски амбасадор во Будимпешта, укажуваат на тоа дека Унгарија ќе остане на радарот.Шефот на кабинетот на Орбан, во четвртокот, иронично потсети на „извозот на демократија“ во Америка, како што практикуваа администрациите пред Трамп.

Тој изјави дека „лошо организираните избори“ во САД покажаа дека „можеби премалку демократија остана дома“.

Во меѓувреме, десничарските медиуми продолжуваат да објавуваат неосновани тврдења за кампањата на Трамп за изборна измама.

„Будимпешта се чини подготвена да се бори против администрацијата на Бајден“, рече Питер Креко.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!