Короната која зарази 53 милиони луѓе ја собира во една лажичка

Вкупната количина на коронавирусен патоген што зарази 53 милиони луѓе ширум светот, се вклопува во нешто повеќе од една лажичка, пресмета австралискиот математичар Мет Паркер.

Со други зборови, ако ги собереме сите патогени микроорганизми кои досега заразиле 53 милиони луѓе во светот, би добиле волумен од осум милилитри течност, пишува ,,Дејли Меил”, додавајќи дека една лажичка може да собере приближно шест милилитри течност.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Вики Котевска, медицинска сестра: Голготата допрва почнува, се раскостивме, доста делите ум!

Математичарот Паркер направи неколку претпоставки за да ја достигне споменатата бројка, но вели дека дури и во најголемата проекција на неговите проценки, целата количина на коронавирус ќе може да се вклопи во чаша за ракија, што е околу 45 милилитри течност.

„Целиот хаос што се појави во светот се сведува на една лажичка“, рече тој.

Ковид-19 е милион пати помал од човечката клетка. Честичките на коронавирусите се многу мали, тие се само кодови што ги уништуваат здравите клетки, објасни Паркер. Тој е соработник на научно шоу на Би-Би-Си и направи проценка за бројот на клетки во секој вирус врз основа на вирусното оптоварување измерено со брисеви, врз основа на истражувањето објавено во медицински магазин.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Пендаровски предложи кризна состојба: Војската на готовс, државата ќе ги менаџира приватните болници

Користејќи бројка од 300.000 нови дневни случаи на инфекција ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразена 14 дена, тој го пресметал бројот на луѓе кои моментално носат вирус.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!