Приватната сметка на ,,Твитер” – @realDonaldTrump, со околу 88 милиони следбеници, стана едно од најмоќните оружја на Трамп за јавно оспорување на изборните резултати, а официјалната сметка @POTUS се користи главно за пренесување на неговите објави од приватна сметка и има околу 32 милиони следбеници.,,Твитер” претходно објави дека откако Трамп ќе престане да биде претседател, како компанија ќе се однесуваат кон неговиот приватен профил, како и кон секој друг од каде се шират неточни информации.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
,,Твитер” долго време беше под притисок да ја ограничи употребата на сметката на Трамп за ширење на теории на дезинформации и заговор.Од изборите, компанијата обележа многу твитови на Трамп за масовна изборна измама со етикета – дека објавеното се коси со официјалните информации.
Процесот на пренесување на сметката во посед на Џо Бајден, се одвива во соработка со Националната архива на САД, како што беше направено во 2017 година.