Претседателот на ,,Македонски концепт”, Петар Богојески, кој е заболен од Ковид-19, и исто и неговото семејство, упати јавна понуда до Владата – хотелот ,,Шула Мина” во Крушево го става на располагање на народот како ковид-болница, без надоместок и без трошоци по државниот Буџет. Објектот е познат како своевидна ,,воздушна бања”.
ПРОЧИТАЈТЕ: Торонто оди во карантин: Ќе биде гадно, порача Трудо
,,Во ова кризно време невреме за мојот народ и мојата Македонија, по трет пат (сега веќе јавно) ги известувам Министерство за здравство, Венко Филипче, Зоран Заев дека го ставаме на располагање целокупниот капацитет (280 кревети) на ,,Adventure Park & Restaurant Woodland” (популарната Шула Мина) во Крушево, на здравствениот систем, без надоместок!!!
Објектот се наоѓа во боженствена природа, а започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза! Бидејќи лично јас и моето семејство, поминуваме низ корона пеколот, точно знам што им е потребно на болните! Таму само да престојуваш два дена, пневмонијата ќе исчезне од кислородот од Беговата / Крушевската Корија!
Нема потреба да градите нови монтажни болници и да трошите милиони од овој напатен народ!!! Купете само нафта, нешто имаме ние, донесете медицински персонал заедно со семејствата и нека се лекува нашиот народ! Бидејќи, јас и членови на моето семејство, за кратко ќе имаме имунитет на корона, доброволно се пријавуваме да волонтираме и да помагаме на лекарите и на болните!!!
Ако сметате за потребно, тука сме!!!
Вие си знаете!”, напиша Богојески.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]