Почнувајќи од понеделник, 23 ноември, во 12:01 часот, карантинот стапува на сила во Торонто и Пил.Карантинот, чии правила вклучуваат забрана за приватни собири во затворен простор, ќе трае најмалку 28 дена, а оние што ќе го прекршат ќе треба да платат казна од 750 американски долари.
Надворешните собири ќе бидат ограничени на 10 лица, што важи и за миси, погреби и свадби. Фризерски и други салони за нега, спортски сали и казина ќе бидат затворени.
Училиштата остануваат отворени, но рестораните и продавниците што не продаваат основни намирници ќе работат само за подигање и достава.
Ризик од колапс на болничкиот систем
„Не можеме да ризикуваме преоптоварување на болниците“, рече Форд во време кога најнаселената провинција во Канада премина преку 100.000 заразени.
Премиерот Џастин Трудо претходно ги предупреди Канаѓаните дека се соочуваат со „долга зима“ и ризик од уривање на болничкиот систем.„Ако викендов решите да ги посетите пријателите – немојте“, рече Трудо, нагласувајќи да ги откажат сите заеднички вечери и родендени.
,,Ќе биде гадно. Но, ние сме свесни што треба да направиме”, рече тој.
Канада во петокот имаше вкупно 317.000 заразени и 11.273 мртви. Во изминатите седум дена, близу 4.800 луѓе се заразуваа секој ден во земјата, а 65 починаа, што е нагло зголемување на бројката.
Без договорени мерки за запирање на вирусот, предупреди Трудо, се предвидува дека дневниот број на заразени ќе се искачи на 60.000 до крајот на декември.