Трамп планира да помилува поранешен советник кој го излажал ФБИ?

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, кој во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за неговите руски контакти, пренесоа американските медиуми.

,,Аксиос” и ,,Њујорк Тајмс” цитираа анонимни извори дека Трамп планира да го вклучи Флин во серија помилувања што ќе ги даде во последните денови од неговиот претседателски мандат.

ПРОЧИТАЈТЕ: Земаат плата со истечен мандат: Шест години, МРТВ, е заробен од груевистички кадри, а СДСМ- спие!

Тајните разговори на Флин со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 година, пред инаугурацијата на Трамп, беа основа за темелна истрага на специјалниот советник Роберт Мулер за мешањето на Москва во изборите во САД една година порано.

Помилувањето на Трамп ќе го отстрани случајот од судовите

Трамп го отпушти Флин само 22 дена откако дојде на власт. Но, претседателот секогаш тврдел дека истрагата била политички „лов на вештерки“ и дека Флин, поранешен генерал и шеф на Агенцијата за разузнавање на одбраната, е „добар човек“.Со многу необичен потег, Министерството за правда, го отфрли случајот против Флин во мај оваа година, велејќи дека наводните лаги кон ФБИ не се значајни.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Ќе ја донира ли Мицкоски ,,белата палата” за ковид-болница, вредна 14 милиони евра?

Но, федерален судија нареди понатамошно правно разгледување на прашањето, а помилувањето на Трамп ќе го отстрани случајот од судовите.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!