,,Аксиос” и ,,Њујорк Тајмс” цитираа анонимни извори дека Трамп планира да го вклучи Флин во серија помилувања што ќе ги даде во последните денови од неговиот претседателски мандат.
Тајните разговори на Флин со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 година, пред инаугурацијата на Трамп, беа основа за темелна истрага на специјалниот советник Роберт Мулер за мешањето на Москва во изборите во САД една година порано.
Помилувањето на Трамп ќе го отстрани случајот од судовите
Трамп го отпушти Флин само 22 дена откако дојде на власт. Но, претседателот секогаш тврдел дека истрагата била политички „лов на вештерки“ и дека Флин, поранешен генерал и шеф на Агенцијата за разузнавање на одбраната, е „добар човек“.Со многу необичен потег, Министерството за правда, го отфрли случајот против Флин во мај оваа година, велејќи дека наводните лаги кон ФБИ не се значајни.
Но, федерален судија нареди понатамошно правно разгледување на прашањето, а помилувањето на Трамп ќе го отстрани случајот од судовите.