Во интервју за весникот ,,Вечер” од 10/11 октомври 1998 година, непосредно пред Парламентарните избори на кои СДСМ катастрофално изгуби, тогашниот премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, самоуверено изјави дека – ,,идната Влада ќе се формира околу СДСМ”.
Тоа не се случи. Победи коалицијата ВМРО-ДПМНЕ/ДА и за премиер на новата Влада беше избран Љубчо Георгиевски.
Црвенковски, кој бара вонреден конгрес во СДСМ, во моментов, иронично, но вистинито е икона на вмровци и на вмровските медиуми наклонети кон денешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Таа 1998 година, всушност, беше и крајот на Црвенковски во секоја смисла. Тој никогаш повторно не се врати на политичката сцена како херој, без длабока политичка криза во земјата.
Тој, во 2002 стана премиер, благодарение на конфликтот во 2001, техничката Влада и падот на Георгиевски поради лошиот менаџмент со кризата. А, Претседател стана во 2004 година, по трагичната смрт на Борис Трајковски.
Автор на интервјуто во 1998 е Соња Крамарска, некогашна главна уредничка на. ,,Утрински весник”, која му ја пишуваше биографијата, а денеска работи во кабинетот на Радмила Шекеринска, во делот – односи со јавност.
Црвенковски, меѓудругото во интервјуто, каде доминира надменоста, ја обвини тогашната опозиција дека ,,продава фатаморгана”.
На крајот, на прашањето дали ќе си даде оставка во случај на изборен неуспех, Црвенковски, одговара: ,,Мора да признаам дека на оваа варијанта не сум размислувал.
Тој никогаш не размислуваше дека еден ден СДСМ ќе ,,порасне” и без него, во нешто друго и ќе победи на избори без воопшто некој да го спомене него.
Што објавуваа другите медиуми пред да падне СДСМ од власт, таа 1998?
▪,,Смешна станува позицијата на Црвенковски”, објави неделникот ,,Денес” на 23 октомври 1997 година, автор Катерина Блажевска, само едно од безбројните предупредувања во пишана форма за лошото владеење на СДСМ. На кои Црвенковски не реагираше, уверен дека знае политика.
▪Истиот неделник, во декември, во очи Новата 1998 година го стави на насловна страница Бранко Црвенковски како Дедо Мраз, со лампиони, но обвиткан со октопод, со наднаслов ,,Со Господ напред”, а со наслов ,,Среќна Нова 1998″.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш!
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]