Никој не спомена….
Во Владата на премиерот Владо Бучковски [2002-2006] тогашниот министер за култура, Благоја Стефановски-Баге, прв изрази желба за изградба на денешен МНТ, т.е за воскреснување на Стариот театар разурнат во земјотресот во 1963 година.
Баге, прв нарача и плати проект, а победник на конкурсот беше архитектот – покоен Јован Стефановски-Жан, по кој имено се изгради и денешниот театар, но во време на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, на изборите победи Никола Груевски и ја ,,украде” идејата на Баге.
Жан е автор и на Милениумскиот крст.
ИН МЕМОРИАМ
Благоја Стефановски-Баге почина вчера на 67 годишна возраст. Роден е во Битола на 7 март 1953 година.

Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.
Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Функцијата министер за култура во Влада на СДСМ, ја извршува од 2002 година до 2006 година.
Минатата година, Стефановски, го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]