ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа: На протестите на вмровци, не застануваат ни пензионери за сеир

На протестите на ВМРО-ДПМНЕ, барем од она што може да се види од фотогалеријата на профилот на Фејсбук на Христијан Мицкоски – не доаѓаат дури ни пензионери на кои им е досадно по дома, се искарале со бабата пред вестите во 18 часот, па ете  решиле да свртат еден круг во маало и да испушат цигара со некој, па и да се доискараат за политика на јавен простор. Со други зборови, по обичај, ете – при прошетката, ако виделе некоја вмровска драма пред Влада, да застанат случајно барем за да фатат сеир.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Секс скандали кои тресеа: Геј-конзервативци фатени во женска облека, во ве-це, на хотлајн

Не застанува никој случајно ни за сеир, ни за караница, а очигледно и организацијата на партијата е катастрофална околу анимирање на членството.

Она што е најшокантно во оваа тажна приказна – толку многу пари се вртат околу разни вмровски перјаници, кои, самите се фалат имале и по 10,20 вработени во фирми кои водат сајтови [секако преплавени со толку многу вмровски ,,успеси”], а сепак резултатите се – еден голем компир!

Фотографии од профилот на Мицкоски – мртвило и празнотија

Наместо ,,катарза” како што најави самиот лидер Мицкоски, гледаме како оваа постава на ВМРО-ДПМНЕ доживува целосно фијаско и распаѓање на секој чекор, а политичката цироза на демохристијаните, како што милуваат да се дефинираат – е веќе дијагностицирана.

Денешен протест на ВМРО-ДПМНЕ

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!