Секс скандали кои тресеа: Геј-конзервативци фатени во женска облека, во ве-це и на хотлајн

По откривањето на ,,геј-аферата” на Јозеф Сајер од конзервативната ,,Фидес” партија на Виктор Орбан, фатен ,,ин флагранти” меѓудругото и со наркотични средства в џеб, вистината, која јавноста треба да ја знае е – дали Сајер досега е единствениот ,,геј” сокриен во конзервативна партија со ,,брачна” наметка и жесток говорник против ЛГБТ заедницата? Секако, не. Но, сепак во ,,геј аферите” во светот, на одреден начин, предничат оние кои се декларираат како ,,стрејт”, како заштитници на бракот, се кријат зад религиозноста и наводно се залагаат за многудетни семејства. А, кога ќе падне ноќта, блудничат во сокриени поткровја на периферии од градовите, во ,,безбедни” станови, на разни затворени забави, често и ,,геј оргии”, на каква беше фатен и Сајер. Но, сексуалната потисната ориентација кај некои е толку силна, да неретко разни политичари беа уапсени и на јавни места.

ПОЗНАТИ ГЕЈ ПОЛИТИЧКИ АФЕРИ НА КОНЗЕРВАТИВНИ ПОЛИТИЧАРИ – НЕПРИЈАТЕЛИ НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА: 

Роберт Аранго

Во 2011 година, беше откриено дека сенаторот од Порторико, Роберт Аранго, кој важел за гласен непријател против хомосексуалните бракови и правата во Сан Хуан, објавил свои фотографии без кошули на мобилната апликација за геј средби ,,Гриндр”.
Аранго поднесе оставка.

Роберт Аранго

Едвард Шрок

Шрок, 63 годишен републиканец во 2004 година, бил двократен конгресмен од Вирџинија кога поднел оставка по откривање на неговата ,,геј” страна.
Аферата избила по објавени пораки од говорна пошта кои тој наводно ги оставил на телефонска линија за секс за хомосексуалци.
Шрок бил познат противник на признавање на ЛГБТ-правата.

ПРОЧИТАЈТЕ: Стариот театар, денешен МНТ, беше проект на Баге и на СДСМ, а не на Груевски

Карл Кругер

Во 2011 година, сенаторот од Њујорк, Карл Кругер, се изјасни за виновен за обвиненија за корупција и беше осуден на седум години затвор. Кругер, кој гласал против еднаквоста во бракот во државата Њујорк, беше контроверзен и како хомосексуалец и како политичар. Тој всушност земал мито со неговиот љубовник и ко-заговорник, гинекологот Мајкл Турано.

Карл Кругер

Арон Шок

Новинарот Итај Ход, во 2014 година, преку Фејсбук му се обратил на републиканскиот конгресмен Арон Шок (Р-ИЛ) како  – хомосексуалец. Сето тоа предизвикало низа реакции во републиканските кругови.
А, всушност, новинарот Ход напишал  „хипотетичка“ ситуација – како пријател фаќа конгресмен од Илиноис со маж-цимер на пријателот – заедно под туш.

Лари Крег

Станува збор за екс сенатор на Ајдахо,  уапсен во јуни 2007 година за време на хомосексуална ,,игра” во бања на аеродромот во Минеаполис. Местото веќе било на мета на полицијата по многуте жалби за блудното однесување во бањата.

Чарли Крист

Обвинет дека платил двајца мажи во 2012 година за да ги сокријат неговите ,,геј афери”. Овој скандал за поранешниот гувернер на Флорида беше откриен во документите со истрагата околу поранешниот претседавач на Републиканската партија на Флорида, Џим Грир. Крист, наводно, ги критикувал обвинувањата и ги нарекол : „еден куп заблуди и лаги“.

Ричард Кертис

Републикански член на Претставничкиот дом на Државниот дом на Вашингтон од 2005 до 2007 година. Женет.
Бил откриен во женска облека, откако платил за секс на 26-годишен маж.
Кертис гласал против нацрт-закон за домашно партнерство и нацрт-закон со кој се забрануваше дискриминација врз основа на сексуална ориентација.

Роберт Бауман

Како тврд конзервативец, Бауман, во Конгресот бил познат по тоа што ја критикувал состојбата со моралот во САД.
Во 1980 година, кога барал поддршка од гласачите за втор мандат, бил обвинет за обид за барање секс од 16-годишна машка проститутка.
Бауман бил влијателен член на неколку конзервативни активистички групи, вклучувајќи ги „Младите Американци за слобода“ (YAF) и Американската конзервативна унија (ACU).

Роберт Бауман

Глен Марфи

Марфи, во 2007 година бил обвинет за злосторничко однесување од втор ранг, дека принудил на орален секс друг маж.
Како што објавија медиумите во Индијана, Марфи, кој во тоа време бил претседател на Националната федерација на млади републиканци, отпрво велел дека тој чин бил со согласност на двете страни, но на крајот сепак се изјаснил за виновен.
Со тоа признание завршила и неговата политичка кариера во подем.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!