На протестите на ВМРО-ДПМНЕ, барем од она што може да се види од фотогалеријата на профилот на Фејсбук на Христијан Мицкоски – не доаѓаат дури ни пензионери на кои им е досадно по дома, се искарале со бабата пред вестите во 18 часот, па ете решиле да свртат еден круг во маало и да испушат цигара со некој, па и да се доискараат за политика на јавен простор. Со други зборови, по обичај, ете – при прошетката, ако виделе некоја вмровска драма пред Влада, да застанат случајно барем за да фатат сеир.
Не застанува никој случајно ни за сеир, ни за караница, а очигледно и организацијата на партијата е катастрофална околу анимирање на членството.

Она што е најшокантно во оваа тажна приказна – толку многу пари се вртат околу разни вмровски перјаници, кои, самите се фалат имале и по 10,20 вработени во фирми кои водат сајтови [секако преплавени со толку многу вмровски ,,успеси”], а сепак резултатите се – еден голем компир!

Наместо ,,катарза” како што најави самиот лидер Мицкоски, гледаме како оваа постава на ВМРО-ДПМНЕ доживува целосно фијаско и распаѓање на секој чекор, а политичката цироза на демохристијаните, како што милуваат да се дефинираат – е веќе дијагностицирана.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]