Пропаганда и терор: Како ,,курирци” го лажат народот за преговорите со Бугарија

Како работи вмровската пропаганда, мрежата со унгарско сопствеништво, односно како јавноста е манипулирана? Изиграна, заблудена, дезинформирана. Како вмровската пропаганда, продолжува да го лаже народот со логистика на други свои партнери, а никој за ова не одговара, иако станува збор за исклучително сензитивни теми.

Околу 11.30 часот, денеска, провмровскиот сајт ,,Курир” објави вест со наслов: ,,Заев: Се преговара за придавката „македонски“ – Да нема македонска историја, туку историја на Северна Македонија”. 

Манипулативен текст на ,,Курир”, кој, иако е демантиран – уште не е повлечен, а во него не е вметнат ни демантот

По еден час од објавениот текст, до ,,Курир” пристигнал демант од Владата на С.Македонија, кој, беше и објавен на сајтот – дека такво нешто воопшто не изјавил премиерот Зоран Заев како нешто за кое се преговара, туку дека ги коментирал бугарските позиции. Но, тој демант воопшто не е вметнат во првично објавениот текст, кој, Владата го оквалификува како лажна вест, а кој луѓе сè уште го читаат и го восприемаат како вистинска вест.

Пред половина час, манипулативниот текст на ,,Курир”, на социјални мрежи, но без да се укаже дека е демантиран, без текст, само со фотографија и наслов – го сподели Димитар Апасиев од ,,Левица”. 

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

Во прилог, интегрален текст од целиот демант до ,,Курир” од Владата на Македонија,,Владата најостро го демантира како лажна вест текстот насловен: „Заев: Се преговара за придавката „македонски“ – Да нема македонска историја, туку историја на Северна Македонија“.

Груба манипулација е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Северна Македонија“.

Тоа што премиерот Заев ја информира јавноста за некои од бугарските позиции никако не значи дека се преговара за придавката „македонски“. Напротив, премиерот експлицитно кажа дека не се преговара за македонски идентитет, не се преговара за македонски народ, не се преговара за македонски јазик.

Бараме демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен”.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!