Апасиев полуде за 150.000 евра, се искара со новинари, ЗНМ ќе го пријави во полиција

Ох, колку трогателно. Димитар Апасиев, народен пратеник, кој го плаќаме околу 1.500 евра, има ново ,,Џери Спрингер” шоу од кое се крева желудник – се искарал со новинарите на А1ОН, затоа што го прашале дали ќе ги донира народните 150.000 буџетски пари на работничката класа!?
И само што го чул прашањето, добро – за некој час- веднаш почнале да летаат етикети: ,,сороспии новинари…провладини…неписмени”. Драма во 1.678 чина.
И не само тоа – се заканил со тужби затоа што новинариве го цитирале од смс пораката!? За сите навреди и оцрнувања, ЗНМ, најави пријави во полиција.

Димче мисли во Холивуд е и снима за ,,МГМ”. До толку е.
И да биде шоуто комплетно во целата караница и папазјанија се уфрлила и жена му со ред други етикети кон новинарите. Еми, да се знае кој е шеф во куќа и води есап за пари, де.

Не, бе, и овие новинариве значи, да земе човек да ги врти како хулахоп….Се прашуваат ли вакви перверзни прашања на некој кој јадел леб и маргарин како мал, како што тврди? Па, треба ли црнава кошула конечно да проба јастог, вол на ражен, ,,дудлот” на магарето во трифунов сос, да проба виски, да фати две-три сиски, а не една… да купи станови, коли…?

Апасиев со сериозни навреди, оцрнување и пизма кон новинарите на А1ОН – ЗНМ најави пријава во полиција

Значи, по ред. Црново кошулче, завчера, само се пофали како не ги гласал законските измени за финансирање на партии, но ете – не се буни да си ги земе в џепче. Ќути си, дупи си, работава.

Туку, новинариве што направиле кога ја чуле со тапани и зурли народната – ,,ќути си, дупи си”. Среде делење народен кеш, бааш кога им се ококориле очичките на Димче и негована банда и зениците им се прошириле за 150.000 евра, зеле – им донеле камери.
И почнале да снимаат како се лигават ,,ленкиве” врз сиот тој буџетски кеш, а јавно продаваат морал колку се грижеле за сиромашни, ама ете – немале време да кажат дали буџетските пари ќе ги донираат на некои деца без лаптопи, на болни и сиромашни, на фамилии кои јадат ,,леб и маргарин” (наводно омиленото јадење на Димче кога бил мал)….

А, не е дека не сакаат да ги дадат париве за сиромаштија, ,,ленкиве” и Димче!
Ама немаат време сега, дај сфатете, приоритети се во прашање – не смеат да чекаат парите на сметка. Сиромашните стој, парите напред!

,,Црното кошулче” веднаш почнало да дивее кога прочитало дека новинариве го обелодениле каков е навистина!
Го чепнале за парите, место да го пофалеле ете колку добро знае да ,,продава” празна слама.
Колку се значи никакви овие од А1ОН! Место да му донираат од своите бедни плати и кредити уште 150.000 евра на ,,дим-ЧЕ ГИ-вара”, да платат фризура на жена му, масажи, пентхаус игранки, да уплатат скијање во Гармишпартенкирхен на брачниот пар, кој, убедена сум секој ден јаде јетрена паштета, а другото го донира во народни кујни – тие зеле отвораат теми за социјала!?
Ама, дајте ви се молам.

Како тоа смее некој да го праша Апасиев дали ќе донира 150-200.000 евра за работничката класа која имено го гласаше!? До кога вие, никакви новинари мислите тој да вози скапана ,,алфа”, а?

[ЈИЈ]

ФОТО: СО ДОЗВОЛА НА А1ОН

ЛИНК ДО ТЕКСТОТ НА А1 ОН – ,,Сороспии и курирци – Апасиев агресивен кон новинарите на А1ОН”

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

https://joci.mk/2020/12/06/%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D1%9C%D0%B5-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B5-150-000-%D0%B1%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D1%9C%D0%B5/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!