И за што беа потрошени 200.000 евра – ќе ни пее Бијонсе на плоштад?

Новогодишната елка, во текот на вчерашниот ден, беше осветлена на плоштадот Македонија. Истата елка од лани – досадна и нераскошна. Немаше никакви песни при осветлувањето за радост на децата, атмосферата беше мртва, немаше хор со новогодишни мелодии, ништо.

Годинава, поради пандемијата, нема да има прослава, нема ни ,,Винтерленд”. А, тендерот чинеше 200.000 евра!?

,,Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, без посебен настан. Среќен сум што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија”, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

И, за што беа потрошени 200.000 евра од Буџетот на Град Скопје? За оние сијалички кои ќе висат како врвки и пешкири на жици меѓу две бандери и тоа само до Дебар маало, не подалеку? За оние сиромави снегулчиња-сијалици, произведени 1982 година кога екс премиерката на екс Југославија, Милка Планинц, рече да се штеди?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Апасиев полуде за 150.000 евра, се искара со новинари, ЗНМ ќе го пријави во полиција

Па, за овие пари ќе ни пееше виртуелно Бијонсе или Ријана преку видео-бим.

Не, сериозно, за што беа точно потрошени 200.000 евра? Ако бидат љубезни од Град Скопје да ни објаснат, чисто да не помислиме дека некој си зел ,,нешто” во последна година од мандат?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!