Апасиев со тужби ќе ,,дисциплинира” новинарски кичми – ај добро, момче, поиграј си

Да се посмееме на ,,фројдовската грешка”. Димитар Апасиев продолжува со шоуто – вели ќе тужел ЕДЕН новинар од А1ОН, а потоа вели ,,барајте си добар адвокат”. Потсвеста многу добро му знае дека си фатил работа со МНОЖИНА. А, зад таа МНОЖИНА…којзнае колкумина има.

Не можам да се сетам, наназад 20 години, на ниеден кој вака фрлал чивии за ништо и се силел јавно, а излегол победник.

Добро, имаше еден сличен како овој по односот кон новинари, се викаше Киро Тодоровски, градоначалник на Аеродром, вмровец. Изгина. Поднесе тужби против 20-30 новинари и им бараше милион евра. Мене ми бараше два милиони евра, две тужби. Циркуси!
И потоа вмровци го ,,пуштија низ вода” – најсурово. Заглави по притвори, му ја укинаа функцијата, поставија в.д градоначалник, Киро почна во притвор да се жали на простатата му, да плаче….

Ја му препорачувам на момчево поубаво да научи што се тоа мас-медиуми и како работи сето тоа…гледам му е непознаница дека тоа е еден обоен свет, а не црно-бел, како што му објаснил Синиша, менторот….или веќе не му е ментор, малку се збунив⁉️
Му кажал изгледа тоа што сакал да чуе, своевремено.

Туку, колку повеќе влегуваш во непознатото, толку поголем е стравот.
Вакви како Апасиев, кои, сакаат да лапаат народен кеш, а не знаат ни да изглумат фини кога ќе ги прашаат на што ќе ги трошат, најубаво е да не се занимаваат воопшто со политика.
Но, ете -детево сакало да си поигра. Влегол во его – да ,,дисциплинира новинарски кичми”.
Добро, ај, поиграј си…

ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

Апасиев полуде за 150.000 евра, се искара со новинари, ЗНМ ќе го пријави во полиција

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!