Вмровци видоа-не видоа ништо не им врви во јавност, удрија на рубрика ,,оговарање”. Изгледа главен уредник на ,,оговарачкото крило” им е Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. А, и за тоа не ги бива, но ајде.
На кавер фотографијата, Николоски е сликан со Синиша Алексовски, екс вработен во Агенција за разузнавање и сегашен раководител за безбедност во партијата, негов близок пријател.
Туку, Николоски, толку е внесен во улогата, што кај и да е – ќе отвори и шалтер на улица Македонија за примање ,,трачеви” – за и околу СДСМ.
Секако, за вмровци нивни нема да примаат ,,трачеви” на шалтерот, бидејќи вмровските мажи и жени се чесни, честити, религиозни, мирни, готват борании, постат во среда и петок, нема за нив никакви секс-снимки, ,,тројки-двојки”, нема ништо – ,,nada”, што би рекле во некоја шпанска серија.

Во манирот ,,ако пројде-пројде” кај јавноста, тој, пред две недели тврдеше дека неколку пратеници од СДСМ ќе ја напуштеле владеачката коалицијата!? Односно, ќе придонеле да падне Владата на СДСМ/ДУИ/БЕСА и логички – ете ги ВМРО-ДПМНЕ на власт со ново мнозинство.
Циркуси.
Ацо, каде ти се пратенициве од СДСМ? Колку недели им треба да ги спакуваат куферите?
Во истиот манир, вечерва, Николоски на телевизија Канал 5 тврдел дека вицепремиерот Никола Димитров го спречил премиерот Зоран Заев да потпише сè што Бугарија побарала⁉️
И не само тоа, туку додал и дека Димитров шетал низ Македонија и брифирал новинари – дека бил заслужен за тоа⁉️
И што е следно од Ацо на Мицкоски – уредникот за ,,булеварски вестички”? Ќе ,,пушти” некоја љубовна афера? Не, не…некоја секс афера, гарант. Заев се вљубил во Бугарка!? Па, кој поверува – поверува.
Ќе го пуштат нивни Златев да се пика по грмушки и по вециња – да слика кој со кого пие кафе?
Пазете се. Невините и чисти вмровци можеби ќе ве сликаат!
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
Апасиев се буни зошто државата не му обезбедила паркинг место, сиромаштијата нека почека
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]