Бајден и официјално е новиот претседател на САД, честиташе и Путин

Потврдена е победата на избраниот демократски претседател Џо Бајден на ниво на сите сојузни држави во САД од Изборниот колеџ.

Бајден има 306, а Трамп 232 гласачки гласови, од 270 за победа.

Изборното гласање во принцип е формалност. Но, оваа година е интересна поради бројните најави на Трамп дека ќе ги поништи изборните резултати.

Кои се електорите?

Електори се партиски лојалисти избрани од републиканците и демократите два месеци пред изборите и тие всушност ги потврдуваат гласовите на гласачите во сојузните држави.

Во државата Пенсилванија, која со своите 20 изборни гласови, исто така ја потврди победата на Џо Бајден, лидерот на Демократската партија, Ненси Патон Милс рече: „Ова е голем ден за демократијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ: (Видео) Милошоски како збунета невеста: Меѓу Мицкоски и Грујо – го избра Коце!

Слични настани се случија во сите 50 држави во САД и Вашингтон, каде што избирачите традиционално гласаат во согласност со одлуката на мнозинството во нивната држава. Бајден освои околу 81.000 гласови повеќе од Трамп на изборите на 3 ноември во Пенсилванија.

Трамп и неговите сојузници поднесоа тужби во обид да го променат изборниот резултат, тврдејќи дека изборите биле нефер и биле обележани со нерегуларности, но државните и федералните судови – ги отфрлија овие тужби. Законот од електорите не бара да гласаат како што гласаа повеќето гласачи во нивната држава, но бројот на такви „бунтовници“ е мал, а некои држави сега воведоа казни за такви луѓе.

Гласовите дадени во понеделникот ќе бидат испратени до Конгресот за официјално пребројување на 6 јануари, последна фаза од изборниот процес во САД, кога сегашниот американски потпретседател Мајк Пенс треба да објави дека Бајден е нов претседател. Новиот претседател на САД, заклетва ќе даде на 20 јануари, 2021 година.

Трамп кон крајот на минатиот месец рече дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ гласа за Бајден, но оттогаш продолжи со невидена кампања за да го смени исходот.

Бајден рече дека е „време да се сврти нова страница“ во говорот по објавувањето на победата. Според него, демократијата во САД беше „туркана, тестирана и загрозена“ и „се покажа како еластична, вистинска и силна“. Ги осуди обидите на претседателот Доналд Трамп да го поништи резултатот.

Подоцна рускиот претседател Владимир Путин стана еден од последните светски лидери што му ја честиташе победата на Бајден. Москва рече дека ќе ги почека официјалните резултати пред да го стори тоа. Повеќето други национални лидери го контактираа Бајден неколку дена по гласањето на 3 ноември.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!