Ново „ремек-дело“ на Рашковски – јавно приватно партнерство за акцизните стоки

Како што информираше порталот МКД.МК, генералниот секретаријат на Владата веќе подолго време го турка проектот за „јавно приватно партнерство за воспоставување интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра“.

Царинската управа е против ваков проект, кој всушност значи одземање на нејзините надлежности и работа, но поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е упорен во тоа овој проект да се спроведе.
Иако, како што дознаваме од владини извори, повеќе државни институции се против овој проект (Царинската управа, МВР, Агенцијата за национална безбедност…), владините служби се упорни во тоа да се проба со вакво јавно приватно партнерство (ЈПП). Веќе се одржуваат работни средби на надлежните институции, направена е физибилити-студија, но проектот на Рашковски никако да добие пас за следниот чекор. Еднаш овој проект веќе бил повлечен од владина седница.

Најголемиот противник на ваквиот проект, разбирливо, е Царинската управа. Ваквото ЈПП всушност значи одземање на надлежностите на царината и префрлање на дел од нив за акцизните стоки (цигари, алкохол, гориво…) на некоја приватна компанија. Прашањето е едноставно – зошто би влегувале во ваква авантура кога тоа го работи токму царината, а според сите извештаи тоа и успешно го прави. Информација за ова добила и Канцеларијата на ЕУ во Македонија за усогласеноста со правото и практиката на Европската Унија.

Прочитајте повеќе околу ова на следниот ЛИНК.

Премиерот Зоран Заев денеска ја потврди информацијата на МКД.мк дека во владини кругови веќе подолго време се подготвува проект за јавно приватно партнерство за воспоставување интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра. Денеска на владина седница била усвоена и одлука во рок од 60 дена да се усогласат сите правни отворени прашања.

Заев денеска изјави дека е задоволен од работата на Царинската управа, но не и од тоа како се справува со сивата економија.

Прочитајте повеќе околу ова на МКД.МК.

🔴 ДРУГИ ТЕМИ НА ДЕНОТ:

https://joci.mk/2020/12/14/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B0-%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B0/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!